Комедијата „Кралството Шведска“ во кино Милениум

Продолжението на култната шведска комедија од 90-те Yrrol – филмот „Кралството Шведска“ во режија на Питер Дале од денеска е на репертоарот на киното „Милениум“ во терминот од 16,30 часот. „Кралството Шведска“ стига точно по 24 години од првото прикажување на култниот шведски филм, кој е најгледана шведска комедија до денес. Во Шведска, филмот продаде скоро 100.000 билети до втората недела на прикажување. Филмот е и продолжение на хит ТВ-серијата Lorry на Дале. Играат Јохан Улвесон, Клас Монсон и Сузана Ројтер, како и Бјорн Густафсон, Хенрик Дорсин и Нур Ел Рефаи.

Јозеф и Марија ја преминуваат пустината во потрага по безбеден дом за своето неродено дете. Поточно, тие се обидуваат да стигнат до Шведска, земјата на мирот, еднаквоста и ИКЕА. Во исто време, постара двојка ја напушта ветената земја во потрага по сонцето на Карибите, желна да останат витки, здрави и засекогаш млади. Нема место како дома, далеку од дома.

Дистрибутер е „Катавеј“, а дистрибуцијата е поддржана од Шведскиот филмски институт.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.