Неколку трикови против замаглување на очилата
Носењето на заштитна маска во услови на пандемија од коронавирус е потребно за да се спречи ширењето на инфекцијата, но и како наша превенција од зараза на јавни места каде што не сме сигурни кој ќе кашла близу нас и каков патоген ќе испрати до нашето незаштитено лице.
Експертите се согласуваат дека носењето маска не дава 100% гаранција за заштита, но дека таа сепак е бариера што може да помогне на јавни места каде има многу луѓе наоколу.
Меѓутоа, ако носите очила, веројатно сте веќе убедени во тоа колку е непријатен проблемот пред вас – очилата постојано ви се замаглуваат од здивот под маската.
Како можете да ги намалите шансите вашите очила да се замаглат додека носите маска?
Вода и сапун
Непосредно пред да ја ставите заштитната маска на лице, измијте ги стаклата со вода и сапун, не само од хигиенски причини, туку и затоа што сапунот спречува стаклото да се замагли. За уште подобри резултати, обидете се да втриете сув сапун во памучна крпа. Вртијте колку што е можно. Потоа темелно тријте ја целата површина на очилата. Суво без плакнење.
Слој сапун на стаклото ќе спречи здивот да се лепи на стаколото од очилата.
Затегнете ја вашата маска навистина добро
На пример, ако носите специјалина маска, можете да ја затегнете колку што е можно повеќе, за да не ви се крева здивот преку тоа. Се разбира, тоа не е можно со други видови маски.
Преклопете го горниот раб на маската напред
Ако носите едноставна хируршка маска, можете да го оттргнете протокот на воздух што го вдишувате со преклопување на горниот раб на маската малку напред. Овој метод е воспоставен од јапонски научници кои имаат децениско искуство во носење маски заради честите појава на епидемии на грип во регионот.
Користете салфетка
Бидејќи влажниот топол воздух што излегува од устата под маската ги замаглува стаклата на очилата, мора да ставиме нешто како бариера помеѓу очилата и маската. Салфетката е одлична за оваа намена. Апсорбира голем дел од влагата, спречувајќи ја да ги достигне стаклата.
Користете детергент против потење
Домашните антиперспиранти ја вршат истата работа како сапунот и водата. Доколку сакате, можете да ги испрскате стаклата со таков детергент наместо да триете сапун на стаклата.