Најтешкиот дел во подготовката на оваа торта е чекањето сите тие состојки да отстојат за да бидат подготвени за послужување.
Овој прекрасен десерт можат да го направат и најголемите аматери во кујна – рецептот е едноставен затоа што колачот не треба да се пече.
Состојки:
– 400 грама путер од кикирики;
– 200 грама темно чоколадо;
– 175 грама шеќер во прав;
– 175 грама путер;
– 20 Орео колачи.
Подготовка:
Издробете ги бисквитите и помешајте ги со 75 грама растопен путер. Добиената смеса распоредете ја во сад за торта и ставете ја во фрижидер околу 30 минути.
Путерот од кикирики помешајте го со шеќерот во прав додека не добиете потребна густина. Прелијте ја смесата преку изладената Орео кора, па повторно ставете во фрижидер половина час.
Преостанатиот дел од обичниот путер помешајте го со темното чоколадо, па растопете го на пареа додека не добиете глазура.
Прелијте ја тортата со добиената глазура и ставете ја во фрижидер околу половина час или пак неколку часа додека не се стврдне колку што е потребно.
Пријатно јадење!