Консумирајте го ова помеѓу оброците и никогаш нема да имате проблеми со здравјето и телесната тежина.
Ужината е многу важна, велат сите нутриционисти. Таа треба да биде добро избалансирана и направена од квалитетни намирници за да нѐ засити и да нѝ ја „згасне“ потребата за слатки.
За да не посегнуваме по грицки и нездрави избори, секој од нас треба да има 3 основни оброци и 2 ужини во денот. Доколку една од тие 2 ужини е токму оваа каша со додаток на посебни состојки, телото ќе ви биде благодарно, а воедно ќе ги прочистите цревата од токсини, ќе ја подобрите работата на метаболизмот и ќе го намалите апетитот.
Потребни состојки:
• 2 лажици пченични снегулки
• 1 лажичка мелен лен
• 1 лажичка сусам
• 1 лажичка мелени бадеми
• малку суво грозје и брусница
• 1 лажичка мед
Начин на припрема:
Пченичните снегулки прелијте ги со вода и ставете ги да се варат. Варете неколку минути додека не добиете каша. Потоа додајте ги сите преостанати состојки, прелијте со малку бадемово или кокосово млеко и вашата ужина е спремна за консумирање.
Еве зошто оваа ужина е толку добра:
Јаткастите плодови ја подобруваат работата на срцето, но и го зголемуваат нивото на серотонин, хормон кој нѝ помага подобро да се справиме со стресот и депресијата. Исто така, тие се богати со влакна, бакар, фолати и ангинин – аминокиселина важна за одржување на имунитетот.
Од овошјето, грозјето е најбогато со јаглехидрати така што тоа ќе ве држи сити помеѓу оброците.
Пченицата има големи нутритивни својства и е еден од најдобрите извори на протеини.