За температура од 37,2°C не земајте „парацетамол“

Директорката на Инфективна клиника, д-р Милена Стевановиќ синоќа во емисијата „Клик плус“ на ТВ21 потенцира дека земањето антибиотици на своја рака може да донесе несакани дејства.
-Превентивното земање на антибиотици дефинитивно не е оправдано. Ниту самоиницијативно. Секое несоодветно земање на лек, па дури и суплемент може да донесе несакани дејствија. Затоа е тука лекарот, специјалистот кој кажува што треба да се земе, рече д-р Стевановиќ.
Проф. д-р Докиќ истакна дека основно е да се пијат многу течности и да се земе витаминска терапија.
-Ц витамин, но претпазливо, затоа што може да ги оштети бубрезите. Цинк, некои антиоксиданси, Д витамин од 2.000 до 4.000 интернационални единици. Но она што е важно, е дека не би сакал граѓаните да земат „парацетамол“ непотребно. На температура 37,2 тие земаат парацетамол. Температурата е дел од одбранбениот систем. Температуратa над 39, само од тие причини се зема, да се намали, и тоа не драстично, туку да живне организмот, појаснува проф. д-р Докиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.