Што доколку едниот партнер сака брак, а другиот не – но, вистинската љубов меѓу нив постои?
Кога двајца партнери долго време се во врска, пријателите очекуваат дека и двајцата ќе застанат пред олтарот. Но, во денешно време има сè помалку склопени бракови затоа што многумина сметаат дека тоа не е и не смее да биде потврда на нивната љубов. Тоа е целосно во ред, доколку и двајцата партнери размислуваат така.
Меѓутоа, што се случува кога едната страна го посакува тој докумнет, а другата има „сопирачка“ при самата помисла на таквото поврзување?
Една жена направила радикален потег само поради тоа што сакала да се венча, а нејзиниот партнер по тоа прашање сè уште не бил одлучен.
Гертруда Нгом и Херберт Салалики заедно се осум години, а Херберт отсекогаш тврдел дека сака да се венча со неа.
Сепак, тој сè уште не ја запросил свјата партнерка со која што има и дете. Нејзе очигледо ѝ здодеало да чека, па одлучила да ги преземе работите во свои раце. Не, не го запросила туку – поднела тужба против него.
Оваа 28-годишна девојка од Замбија го тужела своето момче поради „моменталниот љубовен статус“. На суд кажала дека „не е сигурна што сака тој од нивниот однос и дека крајно време е да се изјасни по тоа прашање“.
„Никогаш не беше сериозен и затоа го донесов ваму (на суд). Заслужувам да знам како ќе изгледа нашата иднина“, изјавила Гертруда.
Од друга страна, Херберт се бранел дека „девојката не му посветува доволно внимание и дека тоа е главната причина поради која што ја одложува нивната венчавка“.
Сепак, целата оваа приказна не го интересирала толку многу судот кој што не можел да направи ништо посебно ниту за едната ниту пак за другата страна.
Им било кажано дека своите проблеми мора да ги решат приватно, пренесува „LADbible“.