Поршето со кое загина Вокер било неисправно

Поршето со кое загина актерот Пол Вокер, според неофицијални информации било неисправно.Оттука доаѓаат и шпекулациите дека токму тоа е причина за сообраќајната несреќа во која актерот и неговиот советник Роџер Родас ги изгубија животите.
Вработените во салонот кој бил сопственост на Роџер откриле дека поршето не било во најдобра состојба и потенцирале дека многупати досега истиот тој автомобил се гасел среде возење.

На местото на несреќата се познава голема трага од кочење, а полицијата смета дека актерот и неговиот пријател возеле над дозволената брзина. Роџер, пријателот на Пол, ја изгубил контролата над автомобилот, по што прво удрил во столб, па во дрво. Сведок на несреќата, која се случи во близина на салонот, бил синот на Роџер.
Телата на актерот и неговиот пријател воопшто не можат да се препознаат, бидејќи се пеплосани, а идентификувани се со помош на стоматолошките картони.Оттука доаѓаат и шпекулациите дека токму тоа е причина за сообраќајната несреќа во која актерот и неговиот советник Роџер Родас ги изгубија животит

Пронајдете не на следниве мрежи: