Како на филм:Украле камион полн со smart телефони во вредност од 14 милиони долари!

Филмски грабеж во САД…Крадците ја искористиле невнимателноста на возачот на камион, кој бил полн со 22.500 LG G2 smart телефони и го украле. Се проценува дека украдената стока изнесувала 14.000.000 долари.
Во местото Гери, Индијана (САД) е украден камионот полн со телефони, јавиле од CNet порталот. Возачот наводно застанал да се освежи, и за целото тоа време крадците будно го следеле секој негов чекор, така што го искористиле моментот и го украле камионот заедно со телефоните. Полицијата и ФБИ веќе ја започнале истрагата, цената на еден телефон во Америка изнесува околу 630 долари, а вкупната вредност на камионот 14 милиони долари.
Сличен грабеж има кој беше и повеќе од филм, со авиони, потери и пукања, се случил минатата година, кога биле украдени стотици iPhone 5 smart телефони во Франција.Крадците ја искористиле невнимателноста на возачот на камион, кој бил полн со 22.500 LG G2 smart телефони и го украле.

Пронајдете не на следниве мрежи: