Сајтот на NSA недостапен, велат поради грешка, а не хакерски напад

Сајтот на американската агенција за национална безбедност бил недостапен неколку часа во текот на вчерашниот ден.Сајтот на NSA (nsa.gov) бил недостапен неколку часа во текот на вчерашниот ден, а во некои делови од светот сеуште е недостапен. Нема докази дека некој влегол во мрежата или дека се украдени податоци.
Портпаролот на NSA изјавил дека се бараат причините за тоа што се случило, со тоа одговарајќи на прашањето дали се работи за DDoS (distributed denial of service) напад.
На Твитер заслугите за ова нефункционирање се објавени од акаунтот @anonymousAsia објавувајќи твит со содржина „We sail strong. #tangodown #nsa“.
„Tango down“ е израз кој хакерите го користат кога некој сајт е паднат, од друга страна тоа е израз кој го користат и американските специјалци во мисии, за да означат дека непријателот е мртов.
Во официјалното соопштение пратено од NSA преку email се вели: „NSA.gov беше недостапен неколку часа, поради интерна грешка која се случи за време на закажано ажурирање. Проблемот ќе биде решен во текот на оваа вечер. Изјавите дека падот на серверот е предизвикан од DDoS напад се неточни“
Сајтот на NSA беше цел на напад и во месец јуни, кога не само што сајтот беше недостапен повеќе од 13 часа, туку според изјавите на хакерската група St0rmyw0rm, успеале да ги извлечат и email адресите на околу 400 вработени.
Да потсетиме дека во текот на претходната недела и Пулс24 беше мета на ваков тип на напади што резултираше со неколку часовно нефункционирање на сајтот, за што веќе ги преземаме сите легални и законски мерки за откривање на „напаѓачите“.Сајтот на NSA (nsa.gov) бил недостапен неколку часа во текот на вчерашниот ден, а во некои делови од светот сеуште е недостапен. Нема докази дека н

Пронајдете не на следниве мрежи: