Мајката на Марија: Не ја продадов ќерката, ја сакам назад!

“Не ја продадов Марија, не сум се откажала, последниве 4 години цело време мислам на неа, не сум ја заборавила. Секој ден се молам за неа. Ја сакам назад.”, изјавила 35-годишната Саша Рушева.Мајката на малата Марија тврди дека не можела да ја префрли својата ќерка од Грција во Бугарија бидејќи немала доволно пари за документи. Полицијата верува дека лаже и дека ја продала својата ќерка.
Полицијата верува дека Саша и нејзиниот сопруг 37-годишниот Атан, ја продале Марија. “Тоа не е вистина”, вели Саша. Таа сопругот имаат 10 деца, а првото дете го родила кога имала 13 години.
Ќерката ја оставила кај цимерката чие име не го знае? “Ја оставив Марија кај мојата цимерка. И таа беше Ромка. Ја барав да ми ја прати Марија во Бугарија, но таа не го направи тоа. Ја барав, не знам повеќе ни како се вика, бидејќи тоа беше одамна, за да прашам како е Марија. Ѕвонев неколку пати, но повеќе немав пари за повици и престанав”, вели Саша, пренесува Daily Mail. Полицијата верува дека Марија е нејзина ќерка иако се уште се чекаат ДНК анализите. Нејзиниот сопруг носи албино ген, па неколку од децата имаат светла боја на кожата и косата.

Тврди дека немала пари за документи “Кога бев бремена со Марија отидовме со сопругот во Грција да работиме на фарма и да заработиме пари. Мојата најстара ќерка остана во Бугарија за да се грижи за останатите деца. Тогаш таа одлучила да се омажи и да се пресели, па јас морав да се вратам назад во Бугарија. Меѓутоа, грчките власти ми бараа околу 100 евра за издавање на матичен лист. Не можев да платам толку пари”, вели Саша. Таа додава Марија ја родила пред околу 4 и пол години. На точниот датум не може да се сети.
Полицијата верува дека девојчето е продадено Полицијата сепак не верува во приказната на Саша. Веруваат дека ја продала на група која се бави со трговија на луѓе, односно продава деца на парови кои немаат свои. Приказната дека немала пари за документи според полицијата е апсурдна.
Два пати се обидела да продаде дете Судските податоци покажуваат дека Саша Рушева била уапсена во 2009. година под сомнение дека сака да ја продаде Марија. Оваа година била продадена во близина на грчко-бугарската граница во обид да продаде уште едно дете. Во двата случаја успевала да се сокрие од законот.Мајката на малата Марија тврди дека не можела да ја префрли својата ќерка од Грција во Бугарија бидејќи немала доволно пари за документи. Поли

Пронајдете не на следниве мрежи: