Рецепт и видео презентација на Јелена Петровиќ – Фантастичен рецепт за проја. ПРОЈА со сирење, мека како душа, сите ќе ви побараат уште едно парче, а потоа и рецепт.
Пројата или како што е наречена во овој рецепт, Пројара, е многу вкусна и мека како душа. Секој што ќе ја проба ќе ви побара рецепт поради феноменалниот вкус и нејзината мекост, што навистина и нема рамна.
Кога еднаш ќе ја пробате, постојано ќе ја правите.
Потребни состојки: 1 кисело млеко (200 г), 10 г квасец, ½ прашок за печиво, 200 г тврдо сирење, 2 јајца, 2 чаши (од 200 мл) пченкарно брашно, 1 чаша гриз, 50-100 мл масло, 1 лажичка сол или по вкус и малку газирана вода за да се замеси (околу 100 мл)
Постапка: Во еден сад ставете две чаши пченкарно брашно и една чаша гриз, измешајте. Додадете две јајца и една чаша кисело млеко. Посолете по вкус, додадете половина прашок за печиво, квасец малку растворен во вода, половина чаша масло и издробено сирење.
Сите состојки добро измешајте ги и додадете газирана вода за да добиете погуста смеса од онаа за палачинки. Сирењето не мора да биде целосно растопено, туку може да има поголеми парчиња кои ќе се чувствуваат после печењето.
Смесата излејте ја помал плех или калап за торти обложен со хартија за печење. Ставете ја во претходно загреана рерна на 200 степени и печете ја околу половина час
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.