Студија спроведена на Универзитетот во Ротердам покажа дека луѓето кои лажат слично се однесуваат, но една експресија е заедничка скоро за сите.
„Кога се трудиме некого да го увериме во нашата приказна, мозокот целосно се фокусира на тоа што го изговараме и заборава да го контролира говорот на телото, па прибегнува кон однесување кое бара помал когнитивен напор од размислувањето“, велат научниците кои учествувале во студијата.
Тогаш често несвесно го имитираме однесувањето и говорот на телото на личноста која ја лажеме, а најмногу ги лажеме најблиските, па не чуди што најмалку сме убедливи кога го лажеме партнерот.
Во студијата, научниците, со согласност на волонтерите кои учествувале во истражувањето, ги снимале со камера додека ја зборувале вистината, а потоа снимките ги споредиле со оние во кои лажеле.
Заклучиле дека лажењето бара повеќе когнитивен напор, па на повеќето им е полесно да ја кажат вистината.
Тоа било уште поочигледно кога испитаниците биле замолени да ги лажат своите партнери, колку лагата била поголема, толку поочигледно станало имитирањето на експресиите на нивните партнери.