Потребни состојки:
1 пакување шампињони
2 јајца
Брашно, презла, сусам
Сос:
50 г павлака
50 г мајонез
Кисели краставички
Малку рен
Начин на подготовка:
Исчистете ги печурките и исечете ги на половина. Секој дел додајте го во брашно, јајца, презла и сусам и пржете го додека да добие златеста боја. Ставете ги на хартија за да го впијат вишокот маснотии. За подготовка на сосот потребно е да исечете кисели краставички, да додадете мајонез, павлака и рен и да промешате.