Пилешко какво не сте пробале досега – во сос од портокал и мед

Пилешкото месо е една од најчесто користените намирници во секоја кујна, бидејќи е здраво, евтино и лесно за подготвување.
Во 100 грама бело пилешко месо без коски има: 165 калории, 31 грам протеини, 4 грама масти (од кои 1 незаситени), 74 мг натриум.
Ако сакате крцкаво пилешко со кожичката, тогаш нутритивната табела малку се менува: 197 калории и 8 грама масти (од кои 2 заситени).
Само 100 грама пилешко месо дневно ги задоволува дневните потреби за железо, а ќе внесете и значителна количина витамин Б и цинк.
Ако ви е досадено од класичните рецепти за готвење пилешко месо, пробајте го овој необичен спој – пилешко во сос од мед и портокал.
Потребни состојки:
Шест парчиња обескостено пилешко месо од копан со наткопан
Сол и бибер по вкус
2 големи чешниња лук
1 лажиче ситно сечкан свеж ѓумбир (или половина лажиче сув мелен)
2 лажички кафеав шеќер
1 лажица маслиново масло (за маринирање)
1 лажиче оригано
1/4 лажиче сува дробена црвена пиперка
2 лажици маслиново масло (за пржење)
1 средна главица кромид
1/2 шолја пилешка супа
1/2 шолја сок од портокал
1 цела кора од портокал, рендана
1/4 шолја мед
Постапката за готвење е едноставна, погледнете ја во видеото во прилог:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.