среда, 25 ноември 2026
Најново

Студија од Харвард потврди: Што точно треба да јадеме во текот на денот доколку сакаме да бидеме целосно здрави

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Студијата објавена во списанието „Circulation“ од истражувачи од Харвард, покажала колку порции зеленчук и овошје треба да јадеме во текот на денот за здравјето да ни биде на потребното ниво.
Во студијата се тврдело дека е пронајдена јасна врска помеѓу доволното внесување на витамини и минерали и доброто здравје.
Препораката е да се јаде многу овошје и зеленчук (тоа не е новост), но студијата утврдила колкава количина му е неопходна на организмот, како и кое овошје и зеленчук се најдобри.
Во студијата биле анализирани податоци за исхрана на 100.000 возрасни жени и мажи од 1984 до 2004 година. Испитаниците на секои 4 години пополнувале прашалници за навиките во својата исхрана.
На тој начин истражувачите собрале податоци за стапката на морталитет и нивната поврзаност со овошјето и зеленчукот.


Утврдено било дека луѓето кои што ја следеле препораката „пет порции дневно“ живееле подолго од оние кои што не го правеле тоа.
Кај учесниците кои што јаделе овошје двапати и зеленчук три пати дневно забележан бил и помал ризик од смрт за 13 отсто, 12 отсто помал ризик од кардиоваскуларни болести, 10 отсто помал ризик од настанување карцином и 35 отсто помал ризик од респираторни болести.
Авторот на студијата Д. Ванг, нагласува дека треба да се избегнува зеленчук како компир и пченка, додека пак од овошјето тоа е бананата.
Од друга страна, овошјето и зеленчукот богати со бета каротен и витамин Ц, како на пример цитрусот, се покажале како многу важни за организмот. Исто така, пожелно е да се внесува зелен зеленчук, како зелена салата, спанаќ, зелка.

Поврзани вести