Потребни состојки:
250 г суви смокви
250 г суви сливи
150 г ореви
50 г овесни снегулки
1 портокал
1 лажичка рум
½ лажичка цимет
1 лажичка екстракт од ванила
Начин на подготовка:
Сувите смокви и сливите потопете ги во топла вода барем пола час да омекнат. Во блендер смелете го овесот и половина од оревите.
Преостанатите ореви исечкајте ги на ситни парчиња. Исцедете го сушеното овошје од вода, па избледирајте го.
Во овошјето додајте мелени и исечкани ореви, овес, исцеден сок од портокал и рендана кора од портокал, цимет, рум и екстракт од ванила.
Изблендирајте додека да добиете соединета смеса, потоа префрлете ја на хартија за печење и формирајте ролат.
Ставете го ролатот во фрижидер за да се стегне.