Не можеме да замислиме подобар крај на велигденскиот ручек…
Овој едноставен тарт со лесен крем маскарпоне и свежо овошје спаѓа и во категоријата брзи десерти. Подготовката ќе ви одземе нешто повеќе од половина час, што вклучува печење и украсување.
Користете го овој рецепт за време на претстојните велигденски празници. Ќе заштедите време и тартот визуелно ќе се вклопи во шарената велигденска приказна. Искрено, не можеме да замислиме подобар крај на празничниот ручек. Пријатен ручек!
Состојки за крцкаво тесто:
180 гр остри брашно
90 гр путер
1 бурбон ванилин шеќер
2 лажици шеќер
1 јајце
ако е потребно малку ладна вода
Подготовка на тесто:
Измешајте го путерот со прстите во брашното, додадете шеќер, ванила и јајце. Месете го тестото. Доколку е потребно, додадете малку ладна вода.
Расукајте го тестото и притиснете го во правоаголен, долг калап. Ставете хартија за печење и топчиња, грав или ориз како тежина над тестото и ставете ги во рерна. Друга опција е да се стави калапот за тесто во замрзнувач еден час; во кој случај нема да мора да користите тежина.
Печете го тестото околу 15 минути. Оставете да се излади и потоа извадете го од калапот.
Состојки за кремот:
250 гр сирење маскарпоне
400 гр MEGGLE Creme Patisserie
сок и кора од лимета
малку бурбон ванила
шумско овошје
Подготовка:
Измешајте маскарпоне, крем, кора од лимон и сок од лимета и бурбон ванила. Направете мазна крема со жица за матење.
Намачкајте го кремот преку разладеното крцкаво тесто и украсете со свежи бобинки.