25 корисници на „Twitter“ се уапсени под сомнеж дека биле поттикнувачи на протестите во Турција

Турската приватна телевизија Си-Ен-Ен-Турк јави дека вкупно 25 корисници на социјалната мрежа „Твитер“ се уапсени во Турција под сомнеж дека поттикнуваат немири и шират пропаганда за време на антивладините протести низ земјата.
Деветмина од уапсените се од градот Измир. Се уште не е познато кои точно коментари на социјалната мрежа се причина за апсењата – пренесе ДПА.
Уапсените се обвинети за користење на „Твитер“ за организирање на протести и привлекување на учесници на протестите.
– Ако тоа е престап, тогаш сите ние сме го направиле, изјави Але Енгин, локален претставник на опозициската Републиканска народна партија (ЦХП) во Измир.
Друг член на опозицијата вели дека нема ништо скандалозно во пораките објавени на „Твитер“. Полициската операција е спроведена истовремено на 38 различни локации, откако биле утврдени IP адресите. Потрагата на полицијата по лица обвинети за организирање на протестите продолжува.Турската приватна телевизија Си-Ен-Ен-Турк јави дека вкупно 25 корисници на социјалната мрежа „Твитер“ се

Пронајдете не на следниве мрежи: