Се прави многу едноставно, но тестото мора да се замеси еден ден порано…
Состојки:
100 грама мед;
1 лажичка сода бикарбона;
250 грама брашно;
300 грама шеќер;
малку маргарин;
250 грама мелени ореви;
ванилин шеќер.
Состојки за глазура од ванила: 3 лажици ладна вода, 180 грама шеќер во прав.
Состојки за глазура од чоколадо: парче маргарин, 100 грама чоколадо за готвење, 1 децилитар вода.
Начин на подготовка:
Сварете го шеќерот, медот и ванилиниот шеќер до 2 децилитри вода со постојано мешање. Оладете го сирупот, а потоа додадете ги брашното, оревите и содата. Соединете го тестото и оставете го да преноќи.
Утредента тестото префрлете го во подмачкана тепсија, испечете го и ставете му глазура по желба – од ванила или од чоколадо.
Глазурата од ванила се прави така што 180 грама шеќер во прав треба да ги изматите с омалку ладна вода, додека истиот не побели.
Глазурата од чоколадо се прави така што се растопува 100 грама чоколадо за готвење со 1 децилитар вода и се меша додека смесата не се соедини, а маргаринот се додава пред крајот.
Напомена: За да бидете сигурни дека состојките кои ги користите се квалитетни, кога ќе пазарувате, побарајте ги оние на „Кибела“ и „Нутини“.