12 зен мудрости: Многу луѓе живеат, а не се свесни за животната магија

Тич Нат Хан е еден од најпознатите и најпочитуваните зен учители, поет и миротворец. Клучната лекција на неговото учење е дека преку свесноста можеме да научиме да бидеме среќни во сегашниот момент, а тоа е единствениот начин на кој ќе можеме да најдеме мир во себе и во светот. Ова се неговите 12 зен мудрости…

1. Никој не може да ни ја даде слободата, неа мора сами да ја негуваме. Станува збор за секојдневна пракса. Никој не може да ве спречи да бидете свесни за секој чекор или за секое вдишување и издишување.

2. На луѓето им е тешко да се одречат од нивното страдање. Од страв од непознатото, тие се определуваат за страдањето што им е познато.

3. Сознавањето е секогаш возможно. Малите сознавања доведуваат до големи. Ако дишете и притоа сте свесни дека сте живи, ќе ја почувствувате магијата на животот. А тоа е еден вид сознавање.

4. Многу луѓе живеат, а не се свесни за магијата на животот.

5. Возможно е да живеете среќно во овој момент и на ова место. Постојат толку многу предуслови за среќа што ни се на дофат, многу повеќе одошто ни се доволни за да бидеме среќни токму сега. Нема потреба да ѕиркате во иднината за да бидете посреќни.

6. Луѓето страдаат затоа што се заробеници на сопствените сфаќања. Штом се ослободиме од тие сфаќања, ќе станеме слободно и нема да страдаме повеќе.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.