Брзи стапчиња со ким и кашкавал: Рецепт за меко и воздушесто пециво кое се топи во уста!

Колачи што сами ги правиме се многу подобри и поквалитетни од оние што ги купуваме, бидејќи имаме контрола врз количината на шеќер и сол што ги ставаме во тестото. Исто така, пецивата од пекарницата честопати се полни со маргарин, што е лошо за нашите крвни садови.
Кога сакате да направите вистински домашни колачи, држете се до докажан рецепт со путер што ќе му даде на тестото прекрасен мирис и вкус.
Направивме стапчиња полнети со сирење од ова тесто, а може да го искористите и за да направите ролни што ќе ги полнете со сирење, фета, ајвар, шунка, џем или чоколаден крем – тестото е универзално и „трпи“ и од слатка и од солена желба.
Состојки:
300 гр брашно
1/2 пакет свеж квасец
1,5 дл млако млеко
100 гр путер
1 јајце
1 лажичка сол
1 лажичка шеќер
2 жолчки
100 гр рендан кашкавал
сусам, морска сол, ким, бел лук во прав, црвена пиперка по желба!
Подготовка:
Загрејте го млекото, додадете шеќер и квасец и оставете го квасецот да се активира. Потоа додадете едно цело јајце во брашното, солта и путерот.
Ќе добиете мрсно тесто кое е полно со меури. Месете го и оставете половина час да се удвои.
Потоа истегнете го, па премачкајте ја едната половина со изматена жолчка и посипете ја премачканата страна со рендано сирење. Пренесете ја празната половина преку намастената половина од тестото и лесно развлечете ја за да се залепи сирењето.
Исечете го тестото на стапчиња дебели околу 2 сантиметри, наредете во плех со хартија за печење, оставете го да стаса десетина минути, па повторно премачкајте со жолчка од јајце и посипете со ким, морска сол, сусам, лук во прав, павлака …
Печете додека тестото не порумени и јадете додека е топло.
Пријатно!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.