Ирина Шајк редовно докажува дека ја заслужува титулата „икона на стилот“, појавувајќи се на улиците на Њујорк во најразлични модни стајлинзи.
Манекенката не се плаши од експерименти, а тоа го прави нејзиниот стил особено атрактивен. Сака да испробува нови трендови, вешто ја комбинира облеката со модните додатоци и исто толку стилски ја облекува и својата ќерка, 4-годишната Леа.
Затоа не е ни изненадувачки фактот што целиот моден свет го следи секое нејзино појавување во јавноста. Овојпат Шајк одбрала монохроматски изглед во најубавата нијанса за летната сезона – таа носела предимензионирано розово одело, надополнувајќи го со кошула во иста боја.
Како главен аксесоар, манекенката избрала чанта во истата нијанса и го дополнила стајлингот со очила за сонце, златни обетки и ланчиња со разни приврзоци.
Кога станува збор за чевлите, Ирина не го менува својот избор и редовно носи масивни кожни „мартинки“.Како ви се допаѓа овој стајлинг на прекрасната манекенка?