Овој рецепт за сочни и вкусни полжавчиња со јаболка и цимет е идеален за појадок или ужина.
Потребни состојки за тесто:
-420 г брашно
-1 пакување сув квасец
-150 мл млеко
-60 г шеќер
-1 јајце
-50 г путер
-50 г јогурт
Потребни состојки за полнењето:
-30 г путер
-100 г кафеав шеќер
-1 ванилин шеќер
-30 г ореви
-30 г чоколадни трошки
-2 лажички цимет
-2 помали јаболка
Начин на подготовка:
Брашното измешајте го со сите состојки. Млекото и путерот загрејте ги да бидат млаки, па додадете ги јогуртот и јајцето и замесете тесто.
Оставете го да мирува додека го подготвувате полнењето. Измешајте ги кафеавиот шеќер, ванилин шеќерот, оревите, ренданите јаболка и чоколадните трошки.
Подгответе го плехот обложен со хартија за печење. Тестото развлечете го во правоаголник и намачкајте го со омекнат путер. Расподелете го низ него филот од јаболка и виткајте по должина, како ролат. Притиснете ги малку рабовите.
Сечете го ролатот на кругови со дебелина околу два сантиметри и ставете ги во плехот. Нека мируваат 20 минути.
По желба премачкајте ги со жолчка и малку млеко, посипете кафеав шеќер по желба и печете на 190 степени околу 25 минути, додека не добијат кафеава боја.