Ивент индустријата се пожали дека се наоѓа во тешка финансиска состојба, побараа помош

Влегуваме во шестиот месец од втората пандемиска година и речиси 15 месеци како
секторот за организација на настани е оневозможен да работи.
Пред речиси два месеца Владата ја бомбардираше јавноста дека за ивент индустријата се
одвоени речиси 2 милиони евра помош, но фактите и реалната ситуација го говорат
следното:
На 12 април Владата објави 2 милиони евра помош за ивент индустријата, досега се
исплатени 0 денари.
На 21 април беше објавен Јавен повик за организирање на настани, за жал резултати нема,
а помош 0 денари. Рокот кој ние како компании го добивме за подготовка на проектите
беше пократок од оној кој Владата си го додели за евалуација на истите.
На 12 мај Владата објави Јавен повик за еднократна помош за операторите од ивент
индустријата, но резултати нема а исплатена е помош од 0 денари.
Сеуште немаме информација за бескаматните кредити кои исто така беа понудени како
можна помош.
Единствена помош што ја добивме беше онаа наменета за целото стопанство. Дел од нас
можеа да искористат помош за исплата на плати (8 плати за вкупно 15 месеци), но како да
ги подмириме кредитите, режиските и останатите трошоци? Од каде плати за останатите 7
месеци без помош? Како да го изведеме ова по 15 месеци неработење?
Ги прашуваме претставниците на Владата дали мислат дека сме алхемичари? Дали
некогаш се запрашаа како преживуваат нашите компании? И покрај тоа што од првиот ден
на пандемијата укажувавме дека ќе дојдеме до оваа состојба, никој не сакаше да не
слушне. За целиот овој период покажавме конструктивност и кооперативност, предлагавме
мерки и модели, но за жал резултатот е дека нема помош.
За разлика од останатите дејности во стопанството, вклучувајќи го и угостителството кое од
првиот ден на релаксирање на мерките работи, јавноста е сведок дека нема настани, нема
концерти, а со тоа нема ниту работа за нас.
Вистина е дека институциите навремено и ажурно се сеќаваат на нас, но само кога ќе треба
да ни пратат опомена за плаќање на даноци, да ни блокираат сметки за неисплатени плати,
и за подмирување на сите останати обврски.
Бараме до Владата итна и без одлагање реализација на мерките кои ни беа понудени како
помош!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.