САД инсталираат ласер на воен брод

Американската морнарица објави во вторникот дека првпат ќе постави ласерско оружје на еден од своите воени бродови кое може да собори беспилотни летала или да онеспособи бродови.„Ова е иднината“, изјавил за Reuters, Питер Морисон од истражувачкиот центар на американската морнарица.Американските воени бродови наскоро ќе бидат опремени со најновото ласерски оружје способно за неколку секунди да уништи мали бродови или беспилотни летала, изјави во вторникот за телевизиската мрежа CBS News, контра-адмиралот на морнарицата на САД,. Метју Кландер.„Тоа, всушност, ќе претставува биде првата вистински употреба на ласерско оружје“, вели Кландер. Според него, новата технологија им овозможува на ласерски зраци да бидат насочени врз целта без да ја загубат, на пример без оглед на движењето на брод во услови на силен ветер и бранови. Според зборовите на контра-адмиралот, ласерот ќе ја сече целта како апарат за заварување. Покрај тоа, новото оружје може да ги „ослепува“ камерите на разузнавачките авиони.Според информациите на CBS News, првиот брод опремен со новината во американската воена технологија, прототипот чија изработка чинела 32 милиони американски долари, ќе биде поставен на бродот „USS Ponce“ кој е распореден во регионот на Блискиот исток, во водите на Персискиот залив во текот на американската фискална 2014 година, којашто започнува во октомври оваа 2013 година. Ласерската опрема во прво време планирано е да се користи против брзите патролни чамци и беспилотните летала.Како што е забележува Кландер, новото оружје, сепак, ќе биде неефикасно против целите кои се движат брзо, како што се ракети и суперсоничен авион. Ефикасноста на ласерскиот зрак, исто така, сепак ќе има намален ефект при лоши временски услови.Оружјето се смета инаку за голем исчекор напред во технологијата на војувањето. Имајќи предвид дека работи на електрична енергија, од ласерот може да се стрела се додека има електрична енергија, и топ по цена од еден долар по „истрел“.
Макфакс
 Американската морнарица објави во вторникот дека првпат ќе постави ласерско оружје на еден од своите воени бродови кое

Пронајдете не на следниве мрежи: