Прекумерната телесна тежина е се почест проблем

Храната никогаш во историјата на човештвото не била подостапна. Развојот на земјоделството и новите иновации во преработката на храната значат и поголемо, поуспешно и поефикасно производство. Во таквото масовно производство, сè помалку се става акцент на нутритивноста и состојките на храната. Квантитетот го надвладува квалитетот, а тоа е и очекувано бидејќи и светската популација расте, а со неа и потребата и потрошувачката од лесно достапна и евтина храна.

Цитатот се наоѓа на страна 2 подолу:

Покрај храната, се смета дека нивото на физичка активност, во светски рамки, е значително намалено. Помалку време имаме за себе бидејќи повеќе време патуваме до работното место, повеќе време сме во седечка позиција и сл. Исто така, напредокот на технологијата има делумен придонес и до намалена физичка активност кај децата и тинејџерите.
Покрај овие две главни причини, се смета дека некои други здравствени состојби, како и генетиката може да имаат влијание врз телесната тежина.
Прекумерната телесна тежина е се почест проблем

Луѓето со нивните секојдневни обврски имаат сè помалку време за подготовка на домашна храна. Готови јадења има на секој чекор и истите заштедуваат време и труд.
Сето ова доведува до подем на една здравствена состојба, чија брзина и зачестеност е навистина алармантна.

На глобално ниво, прекумерната тежина е феномен кој е во сериозен раст. Токму ваквиот лесен и брз пристап до преработена храна претставува значителен проблем, особено во комбинација со темпото кое го налага денешното општество.
Зошто доаѓа до гојазност, зошто ваквиот феномен е сè позастапен, кои се факторите кои влијаат врз него и што може да промениме во нашиот начин на живот за превенција на истиот, се темите кои ќе ги опфатиме во денешната статија.

Дебелината – сè почест здравствен проблем
Прекумерната тежина е дефинирана како состојба кога телото има абнормални, односно прекумерни резерви и наслаги од масти. BMI (Body mass index) е еден начин на кој лесно може да се провери нашата моментална состојба во поглед на телесната тежина. Секако, поради својата едноставност, ваквиот метод е доста општ и не секогаш целосно прецизен и објективен.
Во светски рамки, САД е на првото место како држава со најзастапена гојазност. Но, се проценува дека во периодот од 1975 па до денес, на глобално ниво, прекумерната тежина кај популацијата е за три пати позастапена. Таа исто така претставува најпревентабилна причина за предвремена смртност. Истата е поврзана и со бројни други заболувања, како што се: дијабет, кардиоваскуларни заболувања, мозочен удар и др.

Текстот продолжува на страна 2 подолу:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.