понеделник, 23 ноември 2026
Најново

Србија најави мерки ако Хрватска го стави ликот на Тесла на евро монетите

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Доколку Хрватска ја реализира најавата за поставување на ликот на Никола Тесла како еден од симболите на хрватските монети, Србија сигурно ќе преземе соодветни мерки, соопшти денеска Народната банка на Србија.
-Народната банка на Србија смета дека евентуалното поставување на ликот на Никола Тесла на хрватските евро монети, доколку Хрватска стане членка на еврозоната во наредниот период, би претставувало присвојување на културното и научното наследство на српскиот народ, со оглед на тоа што е неспорно дека славниот научник во текот на својот живот се изјаснувал како Србин по потекло и род. Во тој поглед сосема е сигурно дека ќе бидат преземени соодветни активности кон релевантните институции на ЕУ со цел да се укаже на несоодветноста на ваквиот предлог, изјавиле од банката за српски „Телеграф“.
Инаку, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ вчера откри кои мотиви ќе ги има на хрватските евро монети.
„Шаховницата ќе биде позадина, а потоа мапата на Хрватска на две евра, куната на едно евро, Тесла на 50, 20 и 10 центи односно глаголица на која ќе биде напишано ХР на 5, 2 и 1 цент“, откри Пленковиќ.
Тој вели дека идејата за Тесла на монетите дошла како предлог на граѓаните.
„Сите овие се важни симболи за нас. Тесла дојде како предлог на граѓаните, тој влезе во првите пет и го истурка Дубровник, што е исто така важен“, објасни хрватскиот премиер.

Поврзани вести