Летна салата од млад компир: Лесно се подготвува, многу е вкусна и брзо заситува!

Салата до млад компир е брз и вкусен оброк, како создаден за летните денови.
Состојки:
– 700гр. млад компир
– 180мл. мајонез
– 150гр. кисела павлака
– 2 сварени јајца
– 1 млад кромид
– 1 лажичка црвен пипер
– 1 лажичка сецкан млад лук
– сол
– бибер

Подготовка:
Младиот компир измијте го, процедете го, ставете го во посолена вода, а кога водата ќе проврие, варете го 10-15 минути и изладете го под млаз ладна вода, па исушете го.
За тоа време младиот кромид пресечете го на кругови, тврдо сварените јајца на четвртини, а во чинијата со кисела павлака, додадете го мајонезот, зачинете со сол и бибер и добро промешајте.
Сварениот компир преполовете го и ставете го во чинијата со мајонезот и киселата павлака, додадете го младиот кромид, нежно промешајте ги состојките и по желба ставете во фрижидер еден час да се излади.
Изладената салата преместете ја во чинија за послужување, преку неа ставете ги јајцата, посипете ги црвенот бибер и сецканиот лук и послужете.
На здравје!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.