Најдобар рецепт за сос од домати – потребни се само 2 состојки

Рецепт за сос од домати за зимница, исклучително практичен и брз, без готвење и мачно лупење. Може да се користи за пици, ќофтиња, шпагети…
Есента е период за подготовка на зимница, а домаќинките најчесто прво чекаат овошјето и зеленчукот да поевтинат, за да можат потоа да се фатат за работа.
Ајварот и пинџурот сега се актуелни, а многу домаќинки имаат свои трикови за полесно лупење пиперки и домати, наследени од нивните баби и прабаби.
Ако не ви е навистина неопходно, зошто да се замарате со стерилизирање тегли и долгиот процес на киселење на зеленчукот? Домати за зима можете да подготвите без проблеми за само неколку часа.
Секогаш корисно јадење и неизбежна состојка во многу медитерански и балкански специјалитети, а исто така одлична опција ако немате време за класична подготовка на зимница, е сосот од домати.
Еве како да го подготвите:
Прво, зеленчукот мора темелно да се измие. Потоа исечкајте ги доматите на половинки, можеби четвртинки. Наредете ги на подлабок плех и посолете (ако претпочитате несолен, не мора да додавате сол).
Печете во рерна загреана на 170°C, околу еден час до час и половина. Повремено проверувајте како изгледа зеленчукот, најважно е вишокот на влага да испари и овошјето да омекне. Извадете од рерната и оставете да се излади, а потоа пасирајте го со стискање преку покрупно сито.
Добиениот сос од домати распоредете го во силиконски калапи и ставете го во замрзнувач. Кога сосот ќе се замрзне, префрлете го во кесички и вратете го во замрзнувачот.
Овој сос е совршен за консумирање со шпагети или друга паста, ќофтиња во сос или како сос за пици и лазања.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.