Откриени страотни детали: На децата прво им дал таблети, а кога почнале да се будат ги задавил со раце

Во хрватските медиуми се објавуваат страотни детали за грозоморното убиство на трите деца што се ги задавил нивниот татко.
Хералд Копиц, 56-годишниот Австриец кој живеел и работел во Загреб, стравичното злосторство го спровел во два часот наутро во неговиот стан во елитната населба Млинови.
На полицијата и рекол дека сакал децата да ги убие безболно. Но, покрај фактот што направил едно од намонструозните убиства, децата не ги убил ни безболно ни брзо, како што планирал наводно, пишува Index.hr


Без да насети дека нешто може да им се случи, поранешната сопруга на Копиц ги оставила децата кај нивниот татко за викенд како што обично правеле и заминала на службен пат во Дубровник.
Во својот луксузен стан во елитната населба во Загреб, Копиц таа вечер си играл со децата, а потоа им спремил вечера и ги испратил на спиење. Тоа било сон од кој не требало никогаш да се разбудат бидејќи нивниот татко пред да легнат на сите им дал коктел од разни лекови, пишува Vecernji list.
Децата после тоа брзо заспале. Но, Копиц не очекувал дека ќе почнат да се будат. Наместо тогаш да се откаже од својот страотен план, тој направил нешто спротивно и уште поужасно. Кога почнал да се буди седумгодишниот син, се уште зашеметен од таблетите, Копиц почнал да го дави. Детето не можело да пружи никаков отпор. Истото тоа го повторил уште два пати и со неговата сестра близначка и со најмалиот четиригодишен син. Кога се уверил дека ниедно од децата веќе не дише, ги зел едно по едно и ги однел на софата во дневната соба, ги наредил еден до друг и околу нив ги ставил нивните омилени играчки.
Малку после полноќ, кога помислил дека децата засекогаш ги успал со таблетите, но пред да ги задави, 56-годишниот Австриец напишал проштален статус на Фејсбук и на Инстаграм. Во кој се збогува со сите и посочува дека го сторил тоа зато што го оставила љубовта на неговиот живот затоа што неговата поранешна жена била лоша кон неа и затоа што останал без пари.
„Збогум на сите, ќе заминам затоа што веќе не можам. Љубовта на мојот живот ме остави бидејќи мојата поранешна сопруга беше лоша кон неа и немам пари. Се што се обидов во последнава година и пол не ме врати на работа, дури ни браќата од масонската ложа не можеа да ми помогнат, на крај не ми одговараа ни на повиците. Само пријателите Манфред, Роланд и брат Хелмут ми помогнаа колку што можеа. Сега дојдов до крајот. Затоа, збогум“, напишал Копиц на англиски.
Овој статус на социјалните мрежи го забележал некој од неговите познаници и ја известил полицијата која веднаш се упатила во неговиот стан, но веќе било предоцна за да се спасат децата. Таткото кој по убиството на трите деца се обидел да се самоубие, е пренесен во болница каде по интервенцијата дал исказ за полицијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.