Потребни состојки:
За тесто
300 г пченкарно брашно
150 г путер/маргарин
130 г шеќер во прав
3 жолчки
Ванилин шеќер
Овошен дел
Џем од сливи
Сливи, по желба
1 јајце за премачкување
Шеќер во прав
Начин на подготовка:
За да добиете вкусно тесто треба да ги промешате сувите состојки- пченкарно брашно, шеќер и ванилин шеќер, потоа да го изматите путерот кој мора да биде ладен. Потребно е што пократко време да го месите.
Откако ќе го умесите тестото додајте ги и жолчките и месете додека да добиете изедначена смеса. Оставете 30 минути во замрзнувач за да се стегне.
Извадете го тестото па одвојте еден дел од кој ќе направите ленти за да го покриете овошјтето. Преостанатиот дел од тестото расукајте го за да биде малку поголем од калапот за печење.
Ставете гот естото во калап и премачкајте со џемот од сливи и наредете ги исчистените сливи одозгора. Откако ќе завршите со редење, ставете ги лентите од тестото за да изгледа како мрежа. Премачкајте со едно јајце.
Печете на 180 степени околу 40 минути.