Колку долго тортата може да стои во фрижидер?

Сите кремасти колачи кои се полнети или премачкани со шлаг или слатка павлака, крем на база на путер или маргарин и меко сирење треба да се чуваат во фрижидер.
Скоро сѐ може да се замрзне: колачи, чајни бисквити, колачи со крем… Најдобро би било тортата да се чува во фрижидер, еве колку може да издржи колачот таму.
Печениот колач кој нема свежи состојки, како што е чоколадната торта, може да остане во фрижидер три до четири дена. Но, овошните колачи или оние кои содржат крем од јајца, крем сирење или шлаг на база на млеко, мора да се јадат во рок од два дена, во спротивно можно е на нив да се формираат штетни бактерии.
Ќе знаете дека нешто не е во ред ако кората се исуши и филот почне да се дели на течност и мрсна компонента. Исто така, ако колачот има овошен фил и овошјето изгледа лигаво, не свежо, веднаш фрлете го остатокот од колачот

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.