Судењето на осомничениот во аферата WikiLeaks во јуни 2013-та

Судењето пред воениот суд на Бредли Менинг осомничен за доставување доверливи воени документи на интернет ресурсот WikiLeaks, може да биде одложено за јуни 2013 година, беше објавено во средата.

 

На вториот ден од сослушувањето кое се одвива во американската воена база Форт Мид во државата Мериленд, воената судијка Денис Линд го наведе датумот 3-ти јуни 2013 година за почеток на главното рочиште, за владата да има доволно време да ги набави сите документи.

Судијката изјави дека новиот датум за почетокот на судењето, првично закажано за 6-ти март, ќе биде одреден следната седмица. Новите сослушувања за случајот во кој како откривач на околу 250 илјади тајни документи во врска со војните во Ирак и Авганистан е обвинето Бредли Менинг, се предвидени за февруари и мај.

Портпаролот на движењето Мрежа за поддршка на Бредли Менинг предупреди дека тој веќе повеќе од три години се наоѓа во притвор.

Неговите адвокати се жалеа на условите под коишто Менинг бил затворен, коишто известувачот на Обединетите нации за тортура ги оцени како „свирепи, нехумани и деградирачки“, и бараа повлекување на сите обвиненија.

Дваесет ипетгодишниот Мениг американските воени власти го товарат за издавање доверливи документи на ресурсот WikiLeaks во периодот меѓу ноември 2009 и мај 2010 година, додека како разузнавачки аналитичар бил на служба во Ирак. Обвинет е по 22 точки од обвинението, а најоптоварувачката е за помагање на непријателот за што му се заканува доживотна затворска казна. Претставникот на обвинителството на сослушувањето соопшти дека нема намера да бара смртна казна.

Во вторникот судијката Линд се согласи да му ја намали можната казна за четири месеци, откако 9 месеци мина во притвор во „престроги“ услови од јули 2010 година во воениот затвор Квантико, во близина на Вашингтон.

Како што пишува Associated Press, причината за презакажувањето на судењето е потребата за повнимателно разгледување на случајот. Судењето на Менинг требаше да се одржи од 21-ви септември до 12-ти октомври минатата година, но потоа почетокот на сослушувањето беше презакажано за февруари и средината на март 2013 година.

Првпат по неговото апсење во мај 2010 година, 25-годишниот Менинг се појави пред судот на крајот на февруари 2012 година. Обвинетиот призна дека го разбира карактерот на обвиненијата против него. Одбрана претходно изјави дека Менинг на WikiLeaks му предал застарени информации, од кои најголем дел ѝ биле претходно познати на јавноста.

Пронајдете не на следниве мрежи: