Можете да ги направите за појадок или вечера, идеално е да ги послужите со чаша јогурт или кисело млеко. Состојки потребни за тестото: 500 гр брашно 1 кесичка сув квасец 1 јајце 250 мл млеко 1 лажичка сол 1 лажичка шеќер
Подготовка: Во топло млеко додадете ги шеќерот и квасецот и оставете ја смесата да нарасне. Во сад измешајте ги јајцето, солта, квасецот и брашното, а потоа замесете тесто. Тестото треба да биде мазно и одвоено од тавата. Оставете го на топло место да „отстои“ околу 15 минути. Потоа измешајте го и развлечете го во правоаголник. Поделете го на помали еднакви правоаголници, се препорачува да бидат 10. На секој дел нанесете малку павлака, кечап, па ставете рендан кашкавал и шунка. Затворете ја пирошката, за да не истече филот при пржењето. Загрејте го маслото, па пржете ги пирошките на умерена температура додека не поруменат. Ставете ги на салфетка да се исцеди вишокот масло и послужете ги додека се топли.
Пронајдете не на следниве мрежи:
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.