Пресуда за „Титаник“: Јанакиески осуден на 4,5 години, Јанкулоска на 2,5 години затвор

Поранешните министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, Мунир Пепиќ и Коста Митровски се осудени на затворски казни во предметот „Титаник”, којшто го отвори поранешното СЈО, а се однесува на изборни нерегуларности во 2011 и во 2013 година за парламентарни и локални избори.

По признавањето на вина, четворица од обвинетите добија условни казни, а меѓу нив се Мартин Протоѓер и Билјана Бришковска-Бошковски. 

Мартин Протоѓер, Билјана Бришковска-Бошковски, Катерина Веловска и Киро Тодоровски добија условна казна затвор од 2 години која нема да се изврши ако во рок од 5 години не сторат ново кривично дело. 

Со пресудата којашто беше објавена денеска (28.02.2022), групата е виновна за  злосторничко здружување, коешто било формирано од поранешниот премиер во бегство, Никола Груевски. Тој дополнително е обвинет и за повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

За Груевски и за останатите обвинети кои не се чувствуваат виновни (Илија Димовски, Кирил Божиновски и останатите), судењето продолжува на 9 март.

Пронајдете не на следниве мрежи: