Ви недостасува морето, сончевите денови и прекрасната Грција? Засладете се со еден традиционален грчки рецепт кој воедно се прави брзо, а исто така е и евтин.
Самали е традиционален грчки колач од гриз кој се прелива со сируп. Во овој рецепт сирупот се прави со бренди или ракија, а тоа му дава посебен вкус.
Доколку не сакате да го правите со алкохол, тогаш може тоа да го замените со некоја друга состојка.
Состојки:
- 320 грама гриз;
- 100 грама шеќер;
- 120 милилитри вода;
- 60 милилитри сок од портокал;
- 2 лажици прашок за печиво;
- 30 грама печени и сечкани бадеми.
За сируп: - 360 милилитри вода;
- 300 грама шеќер;
- 1/2 чашка бренди.
Подготовка:
Помешајте го гризот, шеќерот, водата, сокот, па на крај додадете прашок за печиво. Добро соединете ги состојките и оставете ги половина час да отстојат.
Во калап со пречник 20 сантиметри, ставете малку масло за јадење, па додадете го тестото. Убаво втиснете го и посипете со сечкани бадеми.
Печете на загреана рерна на 180 степени Целзиусови околу 50 минути.
Сируп: Помешајте го шеќерот и водата и варете додека водата не зоврие, па оставете уште 10 минути. Три минути пред крајот додадете го брендито и помешајте.
Ставете го сирупот врз изладениот колач.
Пријатно јадење!