Најдобриот рецепт за домашна пастрмајлија

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 кг брашно
500 мл минерална газирана вода
100 мл масло за готвење
1 коцка свеж квасец
3 лажички сол
2 лажички шеќер
1 кг свинска кртина
малку со, црн пипер, црвен пипер
малку масло за готвење
малку свинска маст
250-300 г сирење

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Местото исечкајте го на ситни коцки, зачинете го со сол, црн пипер и црвен пипер и намастете го. Оставете го во фрижидер барем неколку часа, а може и преку ноќ.
Во сад имешајте го брашното, заедно со водата, маслото, свежиот квасец и ставете лажичка сол и две лажички шеќер. Замесете тесто и оставете го најмалку еден час добро да нарасне.
Откако добро ќе нарасне тестото поделете го на шест еднакви делови и направете топчиња.
Секое топче најпрвин малку исукајте го со оклагија, а потоа со раце раширете го водејќи сметка да оствате барем половина сантиметар од краевите на тестото.
Кога ќе добиете доволно голема ширина истегнете го тестото за да добиете долгнавеста форма.
Месото поделете го на шест делови. Врз секоја расукано тесто ставете месо, наросете сирење и распоредете по малку свинска маст.
Печете на 220 степени во загреана рерна се додека кравеите не добијат златно кафена боја.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.