Одличен рецепт за посните денови!
СОСТОЈКИ:
2 л вода
500-600 гр гриз
300 гр шеќер
1 ванилин шеќер или арома ванила
200 гр кокос
2 лажици какао во прав
малини, јагоди, банани или џем по желба
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Згответе гриз во вода со шеќер и ванила. Веднаш поделете на два дела, во еден дел додајте кокос, а во друг какао. Калап со пречник од 25 см обложете со проѕирна фолија. Ставете го прво делот со кокос, па 4 лажици мармалад, може и друго овошје наместо мармалад, а преку ставете го другиот дел со какао. Оставете добро да стегне во фрижидер или еден час во замрзнувач. Превртете го колачот и така извадете го од калап, па посипете со кокос.
Уживајте!