Домаќинките велат дека нема ништо поедноставно од готвење грашок. Отворете кесичка со замрзнат зеленчук, истурете ја во врела вода, оставете да се вари неколку минути, па исцедете ја и зачинете.
Можеби сте од оние кои го подготвуваат на старомоден начин. Најпрво се динста малку кримид и лук, па морков и на крај се додава грашокот и се варат додека не дојде на ред запршката. На крај богато запржете и послужете. Сега нутриционистите имаат сосема нов предлог. Во топла тава растопете малку путер, додадете го замрзнатиот грашок и поклопете, па динстајте на тивок оган во сопствената течност.
Путерот е најважната состојка во овој рецепт за грашок, бидејќи му дава посебен вкус, но треба да додадете и една лажица шеќер, па ќе добиете вистински специјалитет. Десет минути подоцна можете да додадете зачини по желба. Посебно добро одат лукот и копарот. Со оваа подготовка на грашок заштедувате хранливи материи кои инаку би ги изгубиле со брзо готвење во зовриена вода.
Исто така, ги избегнувате лошите последици од пржениот лук и запршката врз желудникот и целиот дигестивен систем. Вака подготвениот грашок може да се послужи како прилог со месо или како главно јадење, со додавање на пржени јајца, компири и салата.