Потребни состојки:
-2 поголеми банани
-1 лажица мед
-1 лажица кисело млеко
-1 лажица какао
-100 г кокосово брашно
-1 пециво
-2 јајца
-1 ванила
Глазура:
-200 г чоколадо за готвење
-малку млеко
Начин на подготовка:
Изматете ги белките во цврст снег, па додадете ги претходно изматените жолчки со останатите состојки. Мешајте рачно, не со миксер. Смесата не треба да биде многу густа, туку поретка.
Ставете ја во плех обложен со хартија за печење и печете на 180 степени околу 30 минути. глазурата направете ја така што ќе го стопите чоколадото со малку млеко и со неа прелијте го колачот.