Потребни состојки:
-2 лажици путер
-200 г спанаќ
-сол, бибер
За омлетот:
-6 јајца
-1 лажица путер
-0,5 дл павлака за готвење
-сол, бибер
-3 до 4 лажици моцарела исечена на парчиња
Начин на подготовка:
Стопете го путерот, па во тавата додадете го измиениот и исцеден спанаќ. Посолете, зачинете и мешајте неколку минути додека не омекне. Тргнете го потоа од шпоретот и ставете го спанаќот во чинија.
Одвојте ги жолчките од белките. Посолете ги белките и изматете ги во цврст снег. Жолчките зачинете ги, додадете ја павлаката и изматете добро. Полека вмешајте ги белките, мешајте рачно.
Стопете го путерот, па во тавата додадете ја смесата со јајца и мешајте на умерена температура. Врз омлетот ставете го спанаќот, па моцарелата. Кога моцарелата ќе почне да се топи, омлетот послужете го во чинија.