Потребни состојки за тесто:
-20 г квасец
-1 лажичка шеќер
-1 лажичка брашно
-230 мл вода
-70 мл масло
-500 г брашно
-прстофат сол
-50 г шеќер
И уште:
-џем (по избор)
-шеќер во прав
Начин на подготовка:
Издробете го квасецот, додадете го шеќерот и брашното и сето тоа растопете го во 30 мл топла вода. Добро измешајте и оставете квасецот да се активира.
Во поголем сад додадете половина од просеаното брашно, прстофат сол, масло, вода, шеќер, активираниот квасец, па добро измешајте. Почнете да го додавате остатокот од брашното. Замесете тесто, покријте го да одмори еден час во топла просторија.
Развлечете кора со дебелина од 2 до 3 милиметри и исечете на 16 триаголници. На секој триаголник ставете лажичка џем и виткајте. Премачкајте ги со масло. Печете во загреана рерна на 190-200 степени околу 20 до 30 минути.
Врелите кифли испрскајте фи со малку вода и прекријте ги со крпа, за да омекнат. Кога ќе се оладат посипете ги со шеќер во прав и ставете ги во сад со поклоп, па ставете ги во фрижидер за да ја задржат свежината за следниот ден.