Идеален ручек за на работа: Протеински сендвич со авокадо и наут

Наместо вообичаените комбинации на преработена храна како кашкавал и сувемеснато, можете да го направите сендвичот и од подеднакво вкусна и поздрава храна.
Ви предлагаме рецепт за подобрена верзија на тост со авокадо. Ова кремасто тропско овошје одлично оди со варениот наут кој е богат со протеини од растително потекло. Најважно е да имате зрело авокадо, кое е подготвено за јадење – невозможно е да се направи добар сендвич од премногу тврда и незрела овошка.
Зголемете ја количината на протеини во оброкот со тоа што ќе изберете протеински леб без квасец или печиво од цели зрна и семки.


Состојки:
1 зрело авокадо
1 конзерва (или тегла) наут од 400 мл
1 сечкан млад кромид
½ лимон
сол и бибер по желба
леб
неколку листови зелена салата
неколку парчиња свеж домат
свеж коријандер (по избор)
Подготовка: Наутот измијте го од течноста од конзервата, исцедете го и измешајте го со авокадото. Исечете ги овие две намирници во една смеса со алатка за пасирање или виљушка.
Смесата зачинете ја со исцеден лимон и парчиња млад кромид. Додадете сол и бибер по желба. Лукот во прав, исто така, ќе оди совршено со овој намаз (но ако подготвувате сендвич за на работа, можеби е подобро да го прескокнете овој чекор).
Нанесете ја смесата на двете парчиња леб, а по желба додадете свежа зелена салата, неколку парчиња домат и неколку листови коријандер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.