ДЕСЕРТ КОЈ ЌЕ ги воодушеви НАЈМЛАДИТЕ! Направете МУС ОД ЈАГОДИ

Доколку сакате да ги засладите и воодушевите вашите малечки, овој мус од јагоди е вистинскиот избор.
Со оглед на тоа дека полека влегуваме во сезоната на јагоди, сигурни сме дека од ова вкусно овошје ќе посакате да направите еден деликатес.
Станува збор за мус од јагоди, кој ќе го воодушеви целото семејство.


СОСТОЈКИ:
500 мл слатка павлака
500 гр исчистени јагоди
100 гр шеќер во прав
лажица арома од ванила
200 гр мелени бисквити
70 гр стопен путер
чоколадни трошки за декорација
ПОДГОТОВКА:
Измијте ги и испасирајте ги јагодите, а слатката павлака изматете ја со додавање на шеќер. Во шлагот сипете ја аромата на ванила, а потоа полека изблендираните јагоди мешајќи да добиете едноличен крем. Растопете го путерот, додадете ги бисквитите, убаво соединете и со оваа смеса покријте го дното на чашата за сервирање. Прелијте ја пената и украсете со павлака и чоколадни трошки.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.