Кремасто ризото можете да направите и дома, со само неколку состојки. Ризотото е карактеристично за северот на Италија, за разлика од топлиот југ кој се поврзува со пченицата, а со тоа и со тестенините. Она што е клучно во овој рецепт е додавањето на шафран, кој му дава препознатлива жолта боја, но и специфична благо медена арома. Исто така, оризот не треба да се преварува, туку да биде ал денте, како што велат Италијанците, односно нешто помек, но не да направите каша од него.
Потребни состојки (за 4 лица):
300 gr ориз
1 главица кромид (по можност шалот)
500 ml пилешка супа (избегнувајте инстант)
40 gr путер
100 ml бело вино
1 лажица шафран (барем 30 конци)
75 gr пармезан
50 gr ладен путер
сол
бибер
Подготовка:
Само повторувајте ги постапките како на видеото и ќе добиете вкусен оброк.