Спанаќ со риба

Потребни состојки:
-филети од риба (ослич), количина по избор
-1/2 кг спанаќ
-200 г павлака за готвење
-1 кромид
-2 чешни лук
-2 лажици путер
-сол, бибер, масло


Начин на подготовка:
Исечете ги кромидот и лукот на коцки, а спанаќот најситно што можете. Загрејте го путерот и пржете ги лукот и кромидот околу две минути, па додадете ја павлаката за готвење и убаво измешајте. Потоа додадете го и спанаќот, зачинете со сол, бибер и варете околу пет минути.
Садот во кој ќе го печете јадењето премачкајте го со маслиново масло, па сипете ја смесата со спанаќ. Рибата посолете ја, зачинете и распределете ја преку спанаќот. Печете на 200 степени околу 25 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.