Компир со мелено месо

Потребни состојки:
-800 г компир
-2 црвени пиперки
-1 морков
-300 г мелено месо
-1 кромид
-неколку чешни лук
-1/2 л врела вода
-1/2 коцка од зеленчукова супа
-сув зачин
-магдонос


Начин на подготовка:
Компирот исечете го на коцки, кромидот ситно, а пиперките и морковот покрупно. Во врелата вода измешајте ја коцката за супа.
Загрејте масло и испржете ги лукот и кромидот, додадете го месото и мешајте околу 5 минути, колку да се промени бојата. Потоа додадете ги пиперките, морковот, компирот и зачинете по вкус. Сипете половина од течноста со супа и оставете да се свари, со повремено мешање и додавање на вода додека зеленчукот не биде готов.
Пред самиот крај зачинете со бибер, сув зачин и магдонос.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.