Рецепт за пире од компири кое се топи во устата, а вкусот долго се памети – тајната е во неколку состојки.
Состојки:
- 450 грама компири;
- 50 грама путер;
- 130 милилитри павлака за готвење;
- сол;
- бибер;
- 100 грама кашкавал.
Подготовка:
Прво потребно е да ги излупите компирите и да ги ставите во тенџере. Прелијте ги со вода и посолете ги, па ставете ги на оган да се варат.
Кога компирот ќе омекне, извадете го од тенџерето и згмечете го со виљушка.
Потоа во тава стопете го путерот, па додадете ја павлаката за готвење. Оставете да проврие, па тргнете го садот од оган.
Потоа смесата додадете ја во компирите, па додадете го и кашкавалот кој претходно сте го изрендале.
На крајот посолете и додадете бибер по вкус.
Пријатно јадење!