Украина го критикува Макрон поради повикот за дипломатија

Киев ги критикува коментарите на францускиот претседател Емануел Макрон, кој повтори дека Москва не треба да се понижува за да се подобрат шансите за дипломатско решавање на војната во Украина.

Емануел Макрон

„Повиците да се избегне понижување на Русија може само да ја понижи Франција и секоја друга земја што ќе повика на тоа“, рече министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба.

Наместо тоа, Русија треба да се „стави на своето место“, за да се „дојде до мир и спасат животи“.

Макрон во интервјуто во петокот го повтори својот долгогодишен став дека Русија не треба да биде „понижувана… за да може денот кога ќе престанат борбите, да го отвориме излезот преку дипломатски средства“.

Макрон, исто така, рече дека неговиот руски колега Владимир Путин направил „историска и фундаментална грешка“ со инвазијата на Украина.

Пронајдете не на следниве мрежи: