Русија заработила 93 милијарди евра од извозот на фосилни горива за време на првите 100 дена од војната во Украина, а повеќето од нив биле испратени во Европската унија по просечна извозна цена околу 60 отсто повисока од минатата година, според новата студија.

Извештајот на Независниот центар за истражување на енергија и чист воздух (CREA), со седиште во Финска, покажа дека ЕУ преземала 61 отсто од рускиот извоз на фосилни горива во текот на првите 100 дена од војната, во вредност од околу 57 милијарди евра.
Пронајдете не на следниве мрежи:


